Кандатот Душан Вукадиновиќ од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, објави на Инстагран дека пејачката Снежана Ѓуришиќ која е член на жирито му барала пари за да остане во натпреварувањетo.
Членовите на жирито, како и Саша Поповиќ, ги демантираа неговите тврдења. Но на објавата на Душан изреагира и се согласи фолкерот Аца Лукас, кој во изминатите сезони беше дел од шоуто како жири.
„Апсолутно точно. Ова е вистинската причина зошто Александар Вуксановиќ го напушти жирито на „Ѕвезите на Гранд“. Пред неколку години утврди дека на децата им бараат пари, а жирито го напушти се скара со Поповиќ поради тоа“, напишал продуцентот Саша Мирковиќ, а неговата објава беше објавена и од Лукас и напиша „се согласувам“.
По објавата на Аца Лукас на Инстаграм, одговори и Саша Поповиќ.
„Аца Лукас го напушти „Ѕвездите на Гранд“ во договор со неговиот тогашен менаџер, исклучиво поради неговите лични интереси. Лага е дека некогаш си заминал поради проблеми во нашата емисија, лага е дека некогаш се скарал со мене, лага е дека „Ѕвездите на Гранд“ е натпревар на кој некој земал пари од натпреварувачите. Сето тоа тој многу добро го знае, но, повторно, кажува лага од свои лични интереси“, изјавил креативниот директор на Гранд.