Тестенини со фета сирење и чери домати

Состојки:
500 гр фета сирење, 500 гр свежи домати од чери, 4 лажици маслиново масло, 1 1/2 лажици оригано, 1 1/2 лажички мелен пипер и 200 гр тестенини.

Подготовка:

Измијте ги доматите. Лесно подмачкајте го огноотпорниот сад, па во средината ставете сирење, а околу него чери домати. Се прелива со маслиново масло и се пече на 200 степени околу половина час. Сварете ги тестенините и исцедете ги. По половина час извадете ги од рерна фетата и чери доматите и изгмечете ги со вилушка. Додадете ги зачините и измешајте, па ставете ги тестените во рерна десетина минути. Потоа додадете ги тестенините, мешајте додека сосот не се соедини.

 

Scroll to Top