Парис Хилтон го откри името на едномесечниот син кој го доби од сурогат мајка. Во нејзиниот подкаст „Ова е Париз“ таа открива дека таа и нејзиниот сопруг нивниот син го добил името Феникс Барон Хилтон Реум.
„Картер и јас сме навистина, навистина горди на него“, рече Парис која откри дека ако има ќерка ќе и го даде името Лондон.
Таа сака да се држи до темата за именување на децата по градови.
„Со години ги планирам имињата на моите деца“, призна Парис и додаде дека Феникс претставува надеж, преродба и трансформација.
Таа објасни дека средното име го добило по нејзиниот покоен дедо, Барон Хилтон, со кој била многу блиска.
„Секогаш ми беше ментор, толку многу го сакав дедо ми, бевме навистина блиски и ми недостига секој ден. Сакав да го почестам со неговото име во името на мојот прв син“, објасни таа.
Да потсетиме Парис и Картер добија син од сурогат мајка, а среќната вест ја споделија на Инстаграм пред еден месец. Неодамна во интервју за „Харпер Базар“ изјави дека сега повеќе ја интересираат бебињата отколку милијарди, па објасни колку љубов чувствува кон своето прво дете. Парис за магазинот „Пипл“ потврди дека станала мајка на дете и рече дека тоа отсекогаш било нејзин сон.
Иако Парис сега стана мајка првпат, нејзиниот сопруг веќе има ќерка со ријалити ѕвездата Лора Белиз, која наводно еднаш ја видел.