Принцот Хари и Меган беа исмејани во анимираната серија „Саут Парк“. Креаторите на серијата, Треј Паркер и Мет Стоун, во последната епизода од нивната анимирана серија воопшто не се воздржале со шегите на сметка на парот, а гледачите сега забележале дека покажале како Меган Маркл го копира стилот на Кејт Мидлтон.
Кога присуствуваше на кралските функции со Хари, имало гласини дека таа копирала некои стилски трикови што ги користела принцезата од Велс. Ова го искористија креаторите на „Саут Парк“ и прикажаа сцени во кои измислената кралска двојка ги лепиа сите насловни страници на списанија со принцезите на куќата на Кајл Брофловски.
Сцената трае само неколку секунди, но секоја се однесува на вистинските насловни за кои Меган позирала. Тие ја репродуцирале нејзината насловна страница на Vanity Fair пред да се омажи за Хари и онаа каде неодамна позираше за The Cut за да го промовира нејзиниот подкаст.
За разлика од Кејт, Меган не стигна до насловната страница на Вог.
„Писателите на „Саут Парк“ отидоа дотаму што имплицираа дека Меган ја копира Кејт. Ова беше маестрално“, забележал инфлуенсерот Хесус Енрике Росас на каналот „Royal Rogue“ на Јутјуб.
Потсетуваме дека по објавувањето на новата епизода од серијата, извор за британските медиуми изјавил дека Меган била многу вознемирена поради начинот на кој се прикажуваат таа и нејзиниот сопруг и дека парот ангажирал адвокати поради „Саут Парк“, и дека може да следат правни последици.
Сè огласи и портпаролот на парот, кој ги отфрли наводите дека Меган и Хари сакаат да ги тужат авторите на серијата поради неодамнешната епизода.
„Сето тоа е глупост. Сосема неосновани и досадни вести“, изјавил тој.
LMAO even in South Park Meghan copies Catherine 🤣🤣🤣 THE BURN 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/SHBWMxrKNc
— Jesús Enrique Rosas – The Body Language Guy (@Knesix) February 16, 2023