Градоначалникот на Пула Филип Зоричиќ го забрани концертот на кој на 25 март требаше да настапат српските пејачи Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.
Тој рече дека тие не може да пеат во Пула зарди типот на музикта. По ова се огласи Ана Бекута, оти наводно Зоричиќ, српските пејачи ги нарекол „српско ѓубре“, вели организаторот на концертот Марио Циндори. Ана Бекута немаа да пее во Пула, ама го најави концртот во Осијек.
„Во последните 40 години најмалку десет пати летував во Истра. Затоа што како што велат моите пријатели, имам вкус. За мене Истра е еден од најубавите региони на нашата поранешна држава. Храната е фантастична, пејзажот е прекрасен, сите мои домаќини беа неверојатни и ме третираа како кралица. Така, забележав, се однесуваат кон секој свој гостин. Затоа знам дека одлуката на градоначалникот на Пула нема никаква врска со начинот на размислување на жителите на Пула и Истра. Поминав доволно време во Пула и Истра за да ги запознаам. Отпадокот, или како што велат ѓубрето, нема нација. Ѓубрето не може да биде српско или хрватско.
Ѓубрето е едноставно отпадок и ѓубре. Гледам дека го имаме во еднакви количини и во Србија и во Хрватска. Ако ми дозволат актерите на денешните вести да им дадам еден совет од животот: Кога не ви се допаѓа програмата, префрлете ја. Кога не ви се допаѓа кафулето, сменете го. Ако не ви се допаѓа концертот, не купувајте билет. Многу е едноставно. Живејте и оставете ги другите да живеат. Пејте и дозволете да пеат. Се гледаме во Осиек“.
Градоначалникот на Пула им забрани концерт на Кеба и Ана Бекута