Сириец чие мртво тело било извлечено од урнатините по земјотресот, оживеал на сопствениот погреб

По земјотресот во Турција и Сирија на 6 февруари, од под урнатините беа извлечени телата на многу загинати. Меѓу нив, наводно, бил и Ахмед ал-Магриби од Сирија, кој бил во градот Атариб кога се случил земјотресот. Во медиумите сега се споделува приказната според која од под урнатините било извлечено мртвото тело на Ахмед, но тој оживеал на својот погреб.

„Беше мртов и неговото тело остана под урнатините, но по два дена оживеа. Неговото тело било извлечено од урнатините, а лекарите го чувале два дена во замрзнувач за неговото семејство да може да го идентификува. При идентификацијата било утврдено дека се работи за Ахмед. Семејството го однело телото на гробиштата за да го погребаат, но таму одеднаш срцето почнало да чука и забележале како телото се движи во мртовечката кеса во којашто бил ставен“, пишуваат локалните медиуми.

Членовите на семејството биле изненадени кога виделе дека е жив, па Ахмед бил повторно примен во болница. Според „Дејли стар“, лекарите рекле дека Ахмед е еден од ретките чие срце застанало и почнало повторно да чука.

Во разорните земјотреси во Турција и Сирија загинаа околу 50.000 луѓе, а повеќе од милион луѓе беа повредени.

На 6 февруари 2023 година во овие две земји се случи земјотрес со јачина од 7,8 степени. Набргу потоа, земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди истата област, предизвикувајќи дополнителни штети.

Scroll to Top