Состојки:
1 тиквичка, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 2 варени јајца, 2 лажици маслиново масло, 1 китка магдонос, 2 лажици кисела павлака, 1 лажица сок од лимон, 2 лажици мелени ореви, сол и бибер.
Подготовка:
Измиените и исчистени тиквички изрендајте ги ситно, посолете ги и оставете ги да отстојат околу 10 минути, па исцедете ги.
Кромидот, лукот и магдоносот ситно исечкајте ги. Тврдо варените јајца исечкајте ги на ситни коцки.
На масло пропржете ги двата кромида, додајте ги тиквичките и со често мешање динстајте додека не испари вишокот течност околу 10 минути.
Изладената смеса од тиквички измешајте ја со јајцата и половина од магдоносот.
Потоа додадете павлака, мелените ореви и сокот од лимон, па зачинете со сол и бибер.