Почина братот на Мадона

Ентони Џерард Чиконе, постариот брат на Мдона почина минатата вечер. Веста ја објави сопругот на сестрата на Мадона.

“Го познавам од 15 години, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген“, напиша тој.

Ентони долго време се борел со алкохолизмот, а пред повеќе од 10 години беше објавено дека со години живее под мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

Кралицата на поп музиката засега не се огласи .

Мадона ја изгубила својата мајка на рана возраст, за што често зборува во интервјуата кои ги дава.

„Смртта на мајка ми ме одбележа, цел живот ми недостигаше, тоа е дупка која никогаш не сум успеала да ја пополнам“, изјави еднаш Мадона.

Scroll to Top