Баба со деменција на водоинсталатерот му оставила три милиони евра

Баба од Клостернеубург во Австрија, која патела од деменција, пред да почине на водоинсталатерот му препишала три милиони евра пренесе Kronen Zeitung. Семејство денес не може да стори ништо, затоа што парите му биле оставени законски.

„Не постои кривично дело како измама, принуда или измама, па затоа семејството не може да направи ништо. Сега е тешко и да се докаже било што, бидејќи жената е почината“, рече адвокатот Лоренц Киршнер, кој е специјализиран за имотни прашања.

Бабата претходно била 50 години во брак, а откако сопругот и починал во 2018 година, останала сама во големата куќа. Немала деца и немало кој да се грижи за нејизните финансии. Со водоинсталатерот кој доаѓал редовно да и ги поправи работите изградила добри односи.

По две години, му го оставила целиот имот како подарок.

 

Scroll to Top