Дубиоза Колектив бараат од фановите да потпишат петиција за да настапат на Евровизија

Босанскиот бенд Дубиоза Колектив ги молат фановите да потпишат петиција која ќе им овозможи да настапат на Евровизија во мај во Ливерпул.

„Отпочната е петиција за учество на Дубиоза Колектив на Евровизија, како претставник на оние кои не се застапени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција оваа година нема да имаат претставник на европското натпреварување, како ни Босна и Херцеговина, која поради неподмирени долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) веќе 7 години не учествува на Евровизија“, велат бендот.

Дубиоза сакаат публиката да им даде глас и да им дозволи настап со што ќе ги претставуваат земјите кои оваа година нема да бидат дел од ова музичко натпреварување, односно незастапените.

„Дубиоза Колектив ќе пее под знамето на Апсурдистан. Дубиоза Колектив не сака да се натпреварува, но сака да учествува“, се вели во соопштението.

Сите заинтересирани можат да ја потпишат петицијата на следниот ЛИНК.

 

Scroll to Top