(Видео) Брус Вилис првпат сниман во јавноста, збунето гледаше во папараците, па ги одмина

Брус Вилис првпат се појави во јавност откако неговото семејство откри дека има деменција. Беше забележан во Калифорнија, прво снимен како купува кафе, а потоа додека оди кон автомобил со двајца пријатели. Во еден миг, тој збунето погледна кон папараците па го одмина автомобилот, а едниот од пријателите го насочи кон него, по што актерот влезе во колата.  Холивудскиот актер актер се пензионира лани по дијагнозата со афазија.

Тој најпрво покажувал симптоми на оваа болест, а потоа било утврдено дека има фронтотемпорална деменција, која е всушност вид афазија. Неговата сопруга неодамна изјави дека дека најмиле искусна терапевтка, која се гржи за актерот.

Подоца и терапевтката даде комплимент за сопругата на актерот и нејзината грижа кон него. „Ема завршила одлична работа со поддршката што му ја дава на Брус и создаде околина која му го овозможува она што му е потребно за да живее добро“. Извори блиски до актерот открија дека симптомите му се влошуваат.

 

Scroll to Top