(Видео) Дру Баримор се пофали дека е супер домаќинка, фановите велат ова прави да ја сакаме уште повеќе

Холивудската актерка Дру Баримор ги предизвика нејзините следбеници на Тик ток да ја покажат нивната соба пред и откако ќе ја исчистат.

Предизвикот го започна прво таа. Актерката ја фотографирала неуредната соба, со расфрлани книги и хартии, а ја покажа и  неуредната бања, како и плакарот со алишта. По ова видео таа покажа и како изгледа нејзината куќа откако ја исчистила.

Актерката предизвика бројни позитивни коментари на Тик ток а следбениците биле пријатно изненадени.

„Дали нејзината куќа изгледа како нормална куќа? – Не како куќа, туку како дом. Ова прави да ја сакам уште повеќе“, „Фала што ни ја покажа твојата реалност“, „Сакам што нејзиниот дом изгледа како дом, а не како уметничка изложба“, „Ја исчистив мојата куќа затоа што ја видов Дру како ја чисти нејзината“, „Благодарам вие што го споделивте ова’ – ова се само дел од коментарите.

@drewbarrymoreShow me your room before and after you clean it… I’ll go first!

♬ original sound – Drew Barrymore

Да потсетиме дека во 2016 година Баримор се разведе од актерот Вил Копелман (44) со кој има две ќерки Олив (10) и Френки (8).

Разводот и бил тежок период, а утехата ја наоѓала во алкохолот. После тоа почнала терапија која и помогнала да се ослободи од зависноста. Таа, исто така, истакна дека благодарение на нејзиното ток-шоу „Шоуто на Дру Баримор“, кое започна да се емитува во 2020 година, има на што да се фокусира.

Scroll to Top