Филмот „Кајмак“ имаше премиера во Белград без Манчевски

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски по премиерата во Португалија, вчеравечер имаше премиера на Белград на Меѓународниот филмски фестивал „Фест“.

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски го претставија актерите Сара Климовска, Александар Микиќ, Филип Трајковиќ и Ана Стојановска. Заедно со Камка Точиновски и Симона Спировска ги толкуваат главните ликови вклучени во два љубовни триаголници. Ова е филм за потрагата по личната слобода, за љубовта и за сето она што луѓето се подготвени да го направат во име на љубовта, едногласни се актерите.

„Приказната е и ужасно болна и смешна во исто време. Сите ликови се сочни со многу интересни внатрешни животи, иако, очигледно, тие се обични луѓе“, рече Ана Стојановска.

Повеќето од актерите веќе имаат работено со Милчо, Сара во филмот „Врба“, Ана во „Мајки“ и Александар во „Пред дождот“. Манчевски е идеален режисер, велат тие.

„Со него секогаш има подготовки каде ги прецизираме улогите, за да можеме да си играме на сетот. Тој секогаш ја избира најдобрата рамка за актерот, која е скапоцена. Ваквата доверба во режисерот е многу важна“, објаснила Сара Климовска.

Филмот ја имаше светската премиера во Токио.

„Таму е тотално друга култура, публиката најмногу сака хорор филмови, тоа е јапонската естетика. Со овој филм во нивната хармонија внесовме тотално лудило. Беа фасцинирани од нашата култура и нашиот хаос“,  изјавија Сара и Ана.

Милчо Манчевски не дојде беше на „Фест“ затоа што е во Њујорк, но ветил дека ќе дојде во Белград на крајот на април, кога филмот ќе започне со кино дистрибуција. Премиерата на „Кајмак“ беше вечеравечер, следните прокеции се на 4 март во 22:15 часот во Дом на млади и на 5 март во 17 часот во Салата на Центарот за култура.

 

Scroll to Top