Бендот на средношколците од „Никола Карев“ му свиреа рок на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во скопската гимназија „Никола Карев“ присуствуваше на пробата на средношколскиот бенд „Црно Собрание“.

Тој се запозна со Мона, Доротеја, Кирил, Мартин, Павел и Дарија, членовите на рок бендот „Црно Собрание“ чија менторка е професорката по музичка уметност Емилија Ристановска.

„Рокерски рифови кои носат младешка енергија и креативност, но и критичко мислење. Браво дечки, бидете секогаш свои и вашите сништа ќе се остварат. Останете на својата патека. Ми ги пренесоа и впечатоците од концерот на средношколски бендови „БГ инвазија“ во Белград, каде освоија награди за најдобри гитаристи и најдобри вокали“, рече Пендаровски.

 

Scroll to Top