Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово се сликаше со сребрениот медал освоен на интернационалниот натпревар „Математика без граници“.
Таткото на Македон, Владимир Димитровски објави фотографии и напиша дека медалот пристигнал во рацете на генијалецот.
„Да ни се множат наградите“, напиша Владимир.
Инаку Македон е момче кое зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование. Тој има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.
Инаку Македон од општина Тетово неодамна ја доби наградата „Генијален ум“.