Лук Блек е овогодинешниот претставник на Србија на Евровизија. Ексцентричниот уметник од Чачак ја изведе песната „Само ми се спава“.
„Многу сум благодарен на публиката и на жирито што гласаа за мене“, изјавил српскиот претставник на Евровизија.
Тој открил дека многу е приврзан за српската верзија на песната, па во Ливерпул ќе ја претставува својата семја пеејќи на мајчин јазик.
Лука Ивановиќ, роден е во Чачак во 1992 година, попознат по неговото уметничко име Лук Блек, и е српски кантавтор. Тој е првиот соло изведувач од Србија со ексклузивен договор за Universal Music Group и досега има издадено 4 EP-а.
Со оригинална музика се занимава од 2005 година. Почнал да пишува текстови на 12 години, а да компонира музика и да пишува аранжмани на 16 години. Во тој период снимил шест албуми кои само неговите најблиски пријатели имале можност да ги слушнат. Две години подоцна се преселил во Белград да студира англиски јазик и литература.
Тој е првиот соло изведувач од Србија со ексклузивен договор за Universal Music Group. Покрај сопствената музика, тој произведува и аудио и режира свои изведби и музички спотови. Барајќи го својот уметнички израз, тој експериментира и испробува нови и неочекувани форми и стилови.
Инаку, овој млад уметник веќе шест години живее и работи во Лондон, каде што создаде песна со која ќе се обиде да победи на голем музички натпревар и да го донесе Евросонг во Србија.