Поради високите кирии во земјата, Британец почнал да живее во контејнер за ѓубре

Млад уметник Харисон Маршал почнал да живее во преуреден метален контејнер во Бермондси, во југоисточен Лондон, затоа што намал пари да плати за кирија. Планира да живее така година дена и рече дека на тој начин сака да испрати порака за стамбената криза во Лондон.

За „Скај њуз“ рече дека самиот ја дизајнирал структурата на контејнерот. Во него се вселил по враќањето во Лондон, откако прекинал со работа во странство. Вели дека тогаш ги забележал високите цени за кирија.

На социјалните мрежи објавил низа видеа за тоа како живее во мала метална конструкција. Изградбата го чинела 4000 фунти. Ја изградил за три недели, а за изнајменото земјиште му биле потребни само 50 фунти. Контејнерот е надограден со дрвена конструкција во која е сместена кујната и делот за спиење.

Во куќата има и пренослив тоалет, но главно мора да се тушира на работа или кога оди во вежбална. Харисон рече дека имал пријатни соседи кој некогаш му носеле и топли домашни јадења.

Во контејнерот се вселил на почетокот на годинава, затоа што не можел да најде место во Лондон по враќањето од странство. Кога почнал да бара соби, се изненадил од високата побарувачка.

Извор:Сан

Scroll to Top