Шест медали освоија македонските џудисти од џудо клбот „Миоки“ на 17. издание на меѓународниот турнир „Младост Европе“ во Ниш, Србија.
Џудистите беа во конуренција од 418 натпреварувачи.
„Прво место освои Хамида Друштинац (-36 кг.) У15, како и Виктор Трчков (+50 кг.) У13. Второпласирани беа Емилија Паскоска (-40) У13 и Демир Друштинац (-22) У11. А до трета позиција дојдоа Марко Панчевски (-60) У15 и Петар Давчев (-60) У15. Одличен настап имаа Ерик Крстев и Нина Панчевска“, информираат од џудо клубот.