По 28 дена од земјотресот во Турција, спасено е куче од подрум на зграда од страна на регионалниот тим за спасување животни „Мејако“.
Сопственикот на Сила, двеиполгодишен доберман, се изненадил кога видел дена не едно, туку четири кучиња како излегуваат од под урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај, 28 дена по земјотресот.
Кадир Кејфли рекол дека побарал од локалните спасувачи да му помогнат да го извлечат неговото куче од урнатините, но никој не успеал да влезе.
„Мејако“, регионалниот тим за спасување животни, дошол на помош во понеделникот. По неколкучасовна работа успеале да стигнат до подрумот каде што бил заробен Сила. Женката доберман не само што преживеала речиси еден месец, туку во меѓувреме окучила и три кучиња.
Кејфли рекол дека Сила преживеала и се породила благодарение на големата кеса со храна за кучиња оставена во подрумот. Сила и кучињата се пренесени на лекување во Адана.
Спасувачите рекоа дека е слаба, но може сама да се движи.
Земјотресите што ги погодија Турција и Сирија минатиот месец однесоа речиси 52.000 животи.