Деми Мур се пресели кај Брус Вилис, ваква информација денеска пренесоа светските медиуми. Наводно поранешната сопруга на актерот, Деми Мур поради неговата здравстевна состојба се вселила во домот на Брус каде живее со неговата сопруга Ема Хеминг.
Наводно актерката решила да и помогне на сопругата на Брус Вилис и неговите ќерки кои се грижат за него поради неговата дијагноза, деменција, пишува „Дејли мејл“.
„Деми се всели и не заминува до самиот крај“, тврдел извор близок на актерката, како што пишува „Дејли мејл“, додавајќи дека актерката претходно поминувала многу време со Брус и неговото семејство за време на пандемијата на коронавирус.
Ваквата информација ја демантираше сопругата на актерот, Ема Хеминг. Таа ја коментираше веста дека неговата поранешна сопруга Деми Мур се преселила кај нив со објава на Инстаграм.
„Тоа е толку глупаво. Ве молиме престанете“, им рече таа на новинарите на социјалните мрежи.
Во март 2022 година, на Брус Вилис му беше дијагностицирана афазија. А во февруари оваа година се дозна дека актерот боледува и од деменција на фронталниот лобус.
Брус Вилис беше во брак со Деми Мур околу 13 години, од 1987 до 2020 година. Поранешниот пар има три ќерки: Румер (34), Скаут (31) и Талула (29). Во 2009 година, актерот се ожени со Ема Хеминг, која е 23 години помлада од него. Нивната ќерка Мејбел е родена во 2012 година, а Евелин во 2014 година. И покрај разводот, Вилис и Мур одржуваа пријателски односи.
View this post on Instagram