Повеќе од 100 луѓе преку ноќ чекале во ред за да добијат иста тетоважа

Повеќе од 100 луѓе чекаа ред пред седиштето на компанија за вотка во Свонси, откако газдите им ветија дека ќе им го тетовираат на рацете шишето од нивниот брендиран пијалок и за тоа да им платат 250 фунти. Од компанијата претходно му платија и 207.000 фунти на професионалниот боксер и медиумски лик Џејк Пол за да го направи истото. Сепак има такви кои веруваат дека тоа го направил бесплатно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Au Vodka (@auvodka)

Во саботата утрото, 150 луѓе се наредија пред седиштето на компанијата, некои пристигнаа рано утрото, а некои беа таму во текот на ноќта. Брендираниот пијалок неодамна се најде на насловните страни на светските магазини, со лажната тетоважа што ја стави на раката ѕвездата на социјалните мрежи Џејк Пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Au Vodka (@auvodka)

Пол се тетовираше само неколку дена пред неговата голема борба со Томи Фјури, која ја загуби, пренесе „Дејли Мејл“.  Претходно беше предизвикан од британскиот диџеј Чарли Слот, кој е и косопственик на споменатиот производител на вотка. Тие се снимиле како пијат брендирани пијалоци на покривот на една зграда во Дубаи, додека тату уметник му ја правеше тетоважата на десната рака на Пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Au Vodka (@auvodka)

Фановите очекуваа да го видат Пол како влегува во рингот со тетоважата. Сепак, се покажа дека била лажна, откако ја снема 11 дена подоцна. Кога компанијата потврди дека тетоважата е привремена, ги повикаа обожавателите да им направат трајни тетоважи на нивните раце и да им плати за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Au Vodka (@auvodka)

 

Scroll to Top