Во верижен судар во Унгарија учествувале 43 возила. Несреќата се случила во саботата на автопатот кон Будимпешта. Од информациите кои ги пренесуваат тамошните медиуми, а кои ги потврди и унгарската полиција, познато е дека едно лице настрадало во сударот. Неговото тело било извлечено од еден од изгорените автомобили.
Според извештајот на полицијата 39 лица се здобиле со повреди, од кои 14 се во потешка состојба. Меѓу повредените има и деца. Унарската телевизија „РТЛ“, објави видео од несреќата направено од една од камерите во еден камион кој учествувал во сударот.
До верижниот судар дошло поради големиот облак прашина кој се дигнал над делот на автопатот, кој ја намалил видливоста кај возачите. Возилата почнале наеднаш да кочат, а возачите зад нив не ги виделе автомобилите и камионите пред себе што довело до несреќата во која изгореле 19 возила.