(Видео) Фотограф се сопна на Оскарите, Лејди Гага му помогна да стане

Фотограф на доделувањето на Оскарите обидувајќи се да фотографира подобар агол од Лејди Гага додека се движи на тепихот, се сопна и падна.

Пејачката го забележа моментот, па застана и се врати неколку чекори назад за да му подаде рака на фотографот и да му помогне да стане.

„Ти благодарам многу“, и рекол фотографот на Гага.

Потоа пејачката продолжила да чекори кон салата во која се одржа церемонијата како ништо да не се случило.

Гага ја изведе својата песна „Холд мај хенд“ од филмот „Топ Ган: Маверик“, за кој беше номинирана за Оскар во категоријата „Најдобра оригинална песна“, во театарот Долби. Во истата категорија, меѓу другите, Ријана (35) беше номинирана за песната „Лифт ми ап“ од филмот „Блек Пантер: Ваканда форевер“. Ниту една од овие два пејачки не ја освои престижната статуетка. Наградата ја освоија Рахул Сиплигуња и Каал Бајрав за песната „Наату Наату“ од филмот „РРР“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Access Hollywood (@accesshollywood)

Scroll to Top