Сребрен и бронзен медал за македонскиот тим на Mатематичка олимпијада за студенти

Тимот од Македонија освои еден сребрен и еден бронзен медал на 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023), во организација на Сојузот на математичари на Македонија, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа, која се одржа од 7 до 12 март во Струга, Македонија.


Лука Хаџи Јорданов освои сребрен, додека бронзениот медал го освои Марија Стојковска, студенти во втора година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје.

Македонија успешно ја претставија и студентите Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска, студенти во прва година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик-водач Никола Велов.
Scroll to Top