Американската актерка Даниеле Брукс (33) се најде на листата за најлошо облечени ѕвезди на забавата на магазинот Vanity Fair.
Актерката, најпозната по улогата на Тејсти Џеферсон во хумористичната драмска серија „Оринџ ис д њу блек“, се појави во центарот Волис Аненберг во проѕирен комбинезон и црно-бел бунда, која ја открива нејзината долна облека. Таа го комплетираше ова необично издание со црни штикли на платформа.
Освен неа, меѓу најлошо облечените медиумите ги вклучија и манекенките Криси Тајген и Ешли Греам, актерките Хали Бери и Ема Робертс.
Инаку, забавата на популарниот магазин Vanity Fair се случува по Оскарите.