Австралијанец заборавил на тикетот во задниот џеб, на крајот дознал дека е побогат за 40 милиони долари

Маж од западна Австралија освоил 40 милиони долари на лотаријата Powerball. Но, интересно во целата случка е што откако го купил тикетот, го заборавил во задниот џеб. Дури по една недела му текнало да го провери, а кога влегол во продавница, продавачот му објаснил дека има добитен тикет.

„Тикетот го купив на 2 март, само еден час пред затворањето на ждрепката. Оттогаш го заборавив во задниот џеб. Сопственикот на добитниот тикет бил објавен во петокот, една недела откако го купил. Бев изненаден и шокиран кога ми кажаа дека сум освоил 40 милиони долари“, рече среќниот добитник.

И најголемиот добитник на џекпот досега во лотаријата кој има освоено 2,04 милијарди долари, се уште ја нема подигнато наградата. Овој тикет бил продаден во Алтадена, во Калифорнија, добитните броеви се 10, 33, 41,47, 56. Според законот, добитникот има рок од една година да си ја побара наградата.

 

Scroll to Top