Полнети пиперки со сирење

Состојки:
500 гр свежо кравјо сирење, 100 гр горгонзола, 4 месести црвени пиперки, 1 јајце, 1 лажица сув билен зачин, 2 лажици маслиново масло и сол.

Подготовка:
Пиперките цели се варат околу пет минути во малку посолена вода, а потоа се лади веднаш со ладна вода. Исечете ги по должина и извадете ги семките.

Со миксер убаво измешајте го свежото кравјо сирење со јајцето, горгонзолата исечкана на ситни коцки и сувите билни зачини.

Намачкајте го сирењето во половина од пиперките и ставете го во огноотпорен сад подмачкан со масло.

Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути.

Scroll to Top