Почина Милица, мајката на српската фолк-пејачка Ана Бекута.
Таа на својот Инстаграм објави дека починала нејзината мајка Милица со која била многу приврзана. Во објавата напишала емотивни зборови со кои се простува од неа.
„Поминаа 40 дена откако мојата добра мајка Милица замина во Царството Небесно, а јас засекогаш престанав да бидам нечие дете. Кога ќе умре мајка, умира цел свет, последната грижа зошто доцниш на пат и секој сомнеж дека нешто не е во ред затоа што и се причинило дека твојот глас на телефон е различен.Со секоја мајка умира една уметност на готвење, еден начин на поставување трпеза, една историја, едно семејство и еден начин на љубов и еден универзален, а сепак единствена грижа за дете кое одамна е веќе нечија мајка. Почивај во вечноста со твојата љубов, драга моја мајка“, напиша Бекута на Инстаграм.
View this post on Instagram