Ако го играш Џејмс Бонд, нема да се венчаме: Лиам Нисон ја одби улогата 007 заради љубов

Лиам Нисон откри дека за малку ќе го глумел Џејмс Бонд, но на крајот ја одбил улогата поради љубов.

Во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“, тој раскажа дека продуцентката на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, му се јавила неколку пати за да види дали е заинтересиран за улогата.

„Поминаа низ еден куп актери“, рече Нисон.

„Се појави Шиндлеровата листа и Барбара ми се јави неколку пати за да ме праша дали ме интересира, и јас реков: „Да, сум заинтересиран. И тогаш мојата прекрасна сопруга (Наташа Ричардсон), рече: „Лиаме, сакам да ти кажам нешто: ако го играш Џејмс Бонд, нема да се венчаме!“

Нисон го исполнил барањето на Наташа и никогаш немал сериозен состанок со Барбара.

Актерот рече дека ја задевал својата партнерка симулирајќи пукање од пиштол со прстите додека ја потпевнувал темата за Џејмс Бонд.

„Таа ми даде ултиматум за Џејмс Бонд и не се шегуваше. Мислеше дека сите тие убави девојки во различни земји умираат да скокнат во мојот кревет. Сигурен сум дека нејзината одлука се засноваше на тоа”.

Нисон продолжи да има многу успешна актерска кариера без улогата 007.

Scroll to Top