Рајан Рејнолдс ја продаде својата мобилна мрежа за 1,35 милијарди долари на Т-мобиле

Глумецот Рајан Рејнолдс поседува четвртина од мобилната мрежа Минт-мобиле, која ќе им ја продаде на Т-мобиле за 1,35 милијарди долари. Според „Блумберг“, Рејнолдс поседува околу 25% од Минт и ќе продолжи да работи во компанијата, но само како портпарол.

„Минт-мобиле е најдобрата понуда во безжичната технологија и денешните вести само ја подобруваат способноста да даваме услуги на нашите клиенти. Имаме среќа што Т-мобиле ја победи агресивната понуда на мајка ми Тами во последен момент. Веруваме дека извонредноста на нивната 5-Г мрежа подобро стратешко ќе се вклопи во Минт. Горд сум на целиот тим и возбуден за она што следува“, рече Рејнодлс.

Според договорот, основачите на Минт-мобиле, Дејвид Гликман и Ризван Касим, ќе останат во T-Mobile да управуваат со брендовите, кои ќе работат како посебна деловна единица.

Scroll to Top