Американски милионер и понудил на жена во авион 100.000 долари за да ја симне маската од лице

Американскиот претприемач и милионер, Стив Кирш на жена во авион и понудил 100.000 долари доколку ја тргне маската од лице.

Тој напиша и твит додека патувал.

„Во моментов сум на лет,  и понудив на жената што седеше до мене да ја симне маската. Почнав со сто долари, завршив со сто илјади. Таа одби. Го направив тоа откако  и објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, изјавил Кирш во првиот твит.

Потоа тој продолжува да раскажува дека на жената и рекол дека ќе ја симне маската кога ќе дојде појадокот.

„Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Штом дојде појадокот, таа ја извади маската. Сите знаат дека не може да се заразите кога јадете“, рекол Кирш.

Инаку тој во јавноста е познат по тоа што е сопственикот на неколку бизниси, за кој „Њујорк Пост“ објави дека постојано ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата.

„Се обложувам дека жената сакала да седне на друго место во авионот“, „Вознемирување жена која не те предизвикала во затворен простор од кој не може да излезе. Убаво“, „Само да седев до него. Би бил побогат за сто илјади долари и на моите ќерки би им купил дом од соништата“, „Би ја извадил маската и би ги земал парите дури и да значи дека ќе добијам корона“, се само некои од коментари на корисниците.

Scroll to Top