Брат ми само што почина, а јас се борам со ракот, емотивен говор на Шерон Стоун

Холивудската актерка Шерон Стоун ја доби наградата за храброст на настанот на Женскиот фонд за истражување на ракот. Во својот емотивен говор таа се осврна на нејзината дијагноза и нејзината сегашна битка со ракот на дојката.

Претседателката на настанот Џејми Тиш и ја додели наградата на актерката, истакнувајќи колку таа ги инспирирала другите со својата сила.

„Она што те прави голема ѕвезда не е само твојот талент, твојата убавина и грациозност, туку и твојата издржливост без оглед на тоа што животот ти фрла на патот. Ви благодариме што повторно и повторно станувате и не инспириравте сите со вашиот пример“, рекла Тиш, пред Стоун да им се обрати на присутните.

Стоун ги опишала нејзините здравствени проблеми, а иако темата била тешка, таа и се пошегувала.

„Тие мамографии не се забавни. Отидов во болница и им реков: „Ако ме отворите и видите дека имам рак, ве молам отстранете ми ги двете дојки“, бидејќи јас не сум личност која ме дефинираат моите гради. Можеби звучи смешно затоа што сите сте ги виделе моите гради. Ги видовте моите гради по операцијата, не ни знаевте“, изјавила 65-годишната Стоун, кој била на операција за реконструкција на нејзините градите во 2001 година, откако лекарите и отстраниле бенигни тумори.

Во ноември минатата година открила дека и била поставена погрешна дијагноза и дека и била направена неправилна процедура, што и предизвикало уште поголема болка од порано. Таа потоа побарала второ мислење откако открила дека има голем фиброиден тумор за кој исто така била потребна операција. Во еден момент, додека ги мотивираше присутните да донираат пари, актерката не можела да ги задржи солзите.

„Знам дека не е лесно да праќаш СМС порака за да уплатите пари, барем мене, јас сум идиот за технички работи, но можам да напишам чек. А сега е и храброст затоа што знам што се случува. Само што изгубив половина од парите поради ситуација со банка, а тоа не значи дека не сум тука“, рекла таа, мислејќи на колапсот на банката во Силиконската долина.

На самиот крај од својот говор Стоун зборуваше за нејзиниот брат Патрик, кој почина минатиот месец на 57-годишна возраст од срцево заболување.

„Брат ми штотуку почина, но тоа не значи дека не сум тука. Ова не е лесно време за никој од нас. Ова е тешко време во светот, но еве што ќе ви кажам, не сакам некој политичар да ми кажува што можам, а што не можам. Како можам и не можам да живеам и која е вредноста на мојот живот, а што не. Затоа стани. Стани и кажи колку вредиш. Те предизвикувам. Тоа е храброста“, рече на крајот од говорот Стоун и предизвика овации низ целата сала.

 

Scroll to Top