Пејачката Лејди Гага купила 55 костими што ги носел Мајкл Џексон на аукција во Лос Анџелес.
„Костимите ќе бидат зачувани во духот на љубовта кон легендарниот изведувач Мајкл Џексон, ќе го паметиме по неговата храброст и неговите обожаватели ширум светот“, изјавила Гага на својот Твитер профил.
Од аукциската куќа Juliens, јакна што ја носел Џексон за време на промотивната турнеја за албумот „Бед“ беше продадена за 240.000 долари, а ракавиците украсени со кристали за 100.000 долари.
Посебно Гага била воодушевена од кристалната јакна и ракавиците.
Костимите од колекциите на долгогодишните дизајнери на Џексон, Денис Томпкинс и Мајкл Буш, достигнаа вкупно над 5 милиони долари на аукција, а еден дел беше наменет за добротворни цели.