Тејлор Свифт собори рекорд во продадени билети за концерт за само еден ден 

Поминаа цели пет години од последната турнеја на Тејлор Свифт, а за тоа време таа објави четири албуми, вклучувајќи го и „Фолклор“ награден со Греми.

Со оглед на тоа што поради пандемијата не настапи во живо, нејзиниот прв настап, одржан синоќа во рамките на турнејата Ерас, наиде на големо нетрпение од фановите и траеше цели три часа и петнаесет минути.

Тејлор вети дека нејзините настапи ќе бидат еден вид патување низ сите нејзини музички периоди, а интересот на обожавателите е толку голем што системот на „Тикетмастер“ во еден момент падна поради побарувачката на билети.

Но, и покрај ова, турнејата го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерти на еден уметник во еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони билети.

 

Scroll to Top