(Видео) Тепачки и расправии меѓу фудбалери и тренери на синоќешните дерби натпревари во Италија и Шпанија

Синоќа во Шпанија и Италија се одиграа два дерби натпревари меѓу Барселона и Реал Мадрид и Лацио и Рома. И на двата беше тензично, а за момент настана и тепачка меѓу фудбалерите.

Во Шпанија, на Ел Класико, по натпреварот се степаа фудбалерот на Реал Мадрид Дани Карвахал и третиот голман на Барселона Арнау Тенас. Се приклучија и останатите играчи кои ги смирија.

Засега не е позната причината до која дошла до тепачката. Прво десниот бек на Реал Мадрид, Карвахал ги изгуби нервите ѝ го фати голманот за врат. За среќа Јорди Алба беше во близина да ги смири.

@cultofftbl It can’t be a clasico without a alittle drama. Who knows the tea? 🐸 🍵 #fcbarcelona #realmadrid #cultofftbl #soccer #elclasico ♬ original sound – Football Videos | Cult Of Ftbl

На крајот се вклучија и и останатите фудбалери на Барселона и Реал Мадрид да ги смират.

Во Рим пак, нервозата од теренот се префрли во тунелот, каде тренерот на Рома, Жозе Мурињо, се расправаше со претседателот на Лацио, Матија Закањи.

Мурињо и покрај тоа што имаше црвен картон од претходните натпревари, за овој меч доби специјална дозвола и можеше да биде во соблекувалната. Во тунелот по поразот се судри со Закањи.

„Јас сум претседател на Лацио, а кој си ти? Ова е мојот дом и ти не треба да бидеш тука“, му рече Закањи, откако претходно Мурињо го провоцираше.

 

Scroll to Top