Детската балетска претстава Петар Пан на 31 март во МОБ

Детската балетската претстава „Петар Пан“ ќе се прикажува премиерно во Националната опера и балет на 31 март. Ќе се одржат две претстави во кој ќе учествуваат 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, кои ќе бидат гости при балетскиот ансамбл.

Режисер и кореограф на претставата е Ирена Лозинска. Сценариото и сонговите се на Ристо Самарџиев, а костимите ги изработи Елена Вангеловска. Сценографијата е на Љупчо Јованов, а музиката на Владимир Дојчиновски Претставата е на продукцијата на „М- Соунд“.

Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата.

Петар Пан е синоним за палавоста, волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен. Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либретото го пее Ѕвончица преку различни песнички.

Претставата „Петар Пан“ ќе се одигра на 31 март во МОБ, а билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.

 

 

Scroll to Top