Трамп вели ќе го уапселе затоа што ѝ платил на порно актерката Сторми Даниелс да молчи за нивната афера

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, тврди дека неделава властите во САД се подготвуваат да го уапсат. Наводно е обвинет затоа што ѝ платил голема сума на пари на порно актерката Сторми Даниелс да молчи за нивната афера.

Ако се испостави дека е во право, властите во Њујорк би можеле да го уапсат за неколку дена. Трамп најави дека вторник ќе биде денот кога ќе го уапсат и ги повика своите приврзаници да протестираат против властите ако биде приведен.

Објави подолга изјава во која истрагата ја опиша како политички лов на вештерки, за да се собори предводникот на Републиканската партија.

Даниелс во 2016 година ги контактираше медиумите и им го понуди налогот во кој се споменува аферата со Трамп, која ја имала во 2006 година. Тимот на Трамп дозна за тоа, а неговиот адвокат Мајкл Коен и плати околу 130.000 евра за да молчи.

„Немам направено ништо лошо“, рече тој, критикувајќи го корумпираниот и вооружен правосуден систем. Трамп цврсто верува дека ќе биде уапсен, додека неговиот портпарол рече дека не бил известен за никакво апсење.

Ова не е единствениот случај кој му се товари на Трамп. Тој е под истрага и за мешање во изборите во државата Џорџија, а се водат и две федерални истраги за неговата улова во бунтот кој се случи на 6 јануари во американскиот Конгрес.

Трамп го обвини окружниот обвинител на Менхетен Алвин Браг, демократи, дека го гони заради политичка добика и можеби ќе се обиде да ги отфрли обвинувањата. Може да го оспори случајот и заради рокот на застареност, кој во овој случај е пет години и кој веќе требало да истече.

Во Њујорк рокот на застареност може да се продолжи ако обвинетиот е надвор од државата, но Трамп повторно може да каже дека тоа не би требало да се однесува на функцијата претседател на САД.

Прекршувањето на пресудата би резултирала со парична казна. Ако биде прогласен за виновен, Трамп може да се соочи со казна од четири години затвор, иако некои правни експерти веруваат дека паричната казна е поголема, а дека престојот зад решетки е малку веројатен, пренесе „Би-би-си“.

Политички, сè уште не е јасно како потенцијалното обвинение би можело да влијае на шансите на Трамп за претседателските избори во 2024 година.

Тој дури би можел да стане првиот бивши претседател на САД кој ќе се соочи со кривични пријави, во време кога анкетите покажуваат дека води пред другите потенцијални кандидатури меѓу републиканците, вклучувајќи ја и онаа на контроверзниот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис.

Случајот може да отиде дотаму, па на Трамп да му се суди за време на кампањата во 2024 година. Неговиот адвокат Џо Такпин, за CNBS рече дека Трамп доброволно ќе се предаде ако биде обвинет. Ако не се предаде доброволно, обвинителството би можел да побара неговоо испорачување од властите во Флорида, каде во моментов живее. ДеСантис, неговиот политички противник за претседател, мора да даде формално одобрение за екстрадиција.

Обвинителството на Менхетен го истражува Трамп повеќе од пет години. Големата порота во Њујорк изнесе докази кои се однесуваат на исплата од 114.000 фунти, или околу 130.000 евра на порно актерката Даниелс во последните денови од неговата претседателска кампања.

Трамп во повеќе наврати ги негираше ваквите обвинувања и ја обвини Даниелс за уцена. Трамп се соочува и со обвиненија за фалсификување на деловни записи откако со својот бивш адвокат Мајкл Лоен надокнадил плаќања кои се лажно евидентирани како правни услуги.

Во секој случај, правните експерти проценуваат дека до можното судење на бившиот претседател на САД, би можело да мине повеќе од година дена. Ако тоа се случи, би се поклопило со последните месеци од изборите во 2024 година, на кои Трамп сака да се врати во Белата куќа.

 

Scroll to Top