Македонските фудбалери ги претставија трите гарнитури на нови дресови со кои ќе настапат на следните натпревари. Германскиот производител на спортска опрема „Јако“ кој традиционално ги облекува изработи три дресови, кои се во традиционалната црвена, бела и црна боја.
Го дизајнираше Мартин Филиповски од „Некст Тајм“
Со нив позираа Елмас, Алиоски, Барди, Ристовски и Трајковски, На средината на дресот ги има краците од македонското сонце, па на навивачите одма ги бендисаа, особено црниот дрес и им порачаа дека ќе газат во следните натпревари со нив.
За потсетување, фудбалерите претходно играа во борда, бело-жолта и портокалова комбинација, а напред беше исцртан ликот на балканскиот рис, па навивачите не им се допаднаа и побараа да ги вратат старите.
Фото: Фудбалска федерација на Македонија