(Видео) По освоеното светско Меси првпат се појави во ресторан во Буенос Аирес каде го дочекаа илјадници фанови

Доаѓањето на Лео во ресторан во центарот на главниот град  Буенос Аирес предизвика хаос. Набрзо фановите почнаа да се собираат пред ресторанот и да скандираат, барајќи начин да се фотографираат со него или да го допрат.

Ова беше прво враќање на Лионел Меси во Буенос Аирес по освојувањето на Светското првенство со Аргентина. За вечера одбрал елитен ресторан во главниот град. Но, со полициско обезбедување го напуштил.

Лудилото по освојувањето на Мундијалот не стивна во земјата и три месеци по победата над Франција во финалето во Катар, за што сведочат снимките кои доаѓаат од Аргентина. Меси немаше мир дури и додека јадеше, толпата ѕиркаше низ прозорецот и го снимаше со мобилните телефони, а вистински безбедносен предизвик беше излегувањето од ресторанот.

Навивачите му пееја и скандираа, се собраа неколку стотици, а сите сакаа да го допрат. Како рок ѕвезда, Меси успеа неповреден да влезе во автомобилот и да го напушти ресторанот со насмевка на лицето.

Scroll to Top