Стефан Трпковски момче со Даунов синдром стана дел од тимот на градоначалникот на Кисела Вода

Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром, од денес работи во општина Кисела Вода и ќе биде дел од тимот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Оваа вест дојде во пресрет на 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

„Од денес, Стефан ќе запознае нови колеги во општина Кисела Вода, ќе извршува работни обврски, ќе почувствува дека општеството и нему му пружа еднакви можности како на останатите“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски

Стефан е момче кое има многу таленти. Игра кошарка која е негова прва љубов, модерни танци и има  освоеното второ место на Специјалната олимпијада за танцови игри. Пливањето пак веќе 10 години е негово хоби. Сега се подготвува да плива на Параолимпијада во Берлин, каде заедно со уште три други деца ќе ги брани боите на Македонија.

„ За жал, Дауновиот синдром, кој светот денес го одбележува, во Македонија сè уште е табу-тема.На овие простори преовладуваат стереотипи, кои овие лица ги држат на маргините на општеството. Интересно и крајно полезно е да ги запознаеме, да видиме каква е желбата кај нив, со каква трудољубивост настапуваат кога треба да совладаат некаква вештина“, вели градоначалникот на Кисела Вода.

И додава: „Да ги надминеме предрасудите. За Стефан, ова е шанса да се афирмира како рамноправен член на заедницата“

Светот денес го одбележува денот на лицата со Даунов синдром. Па обоените нокти во различни бои или шарените чорапи се сосема доволни за поддршка на овие лица.

А.Георгиев
Фото: Фејсбук
Scroll to Top