Хрватскиот пејач Борис Новковиќ се разведува по четврти пат пренесоа хрватските медиуми. Како што пренесува „24 часа.хр“, неговата 25 години помлада сопруга, манекенката Ирис Вулф, веќе му го избришала името од поштенското сандаче и од вратата на семејинот дом.
И соседите велат дека одамна ги немаат видено заедно. Борис од 2020 година престана да ја следи Ирис на социјалните мрежи и да објавува заеднички фотографии со неа. Иако двајцата оттогаш живеат одвоено, рекоа дека ќе се обидат да го спасат бракот.
По избувнувањето на пандемијата објавија дека ја надминале кризата и дека чекаат второ дете. Во април 2021-ва година го добија синот Нео.
„Се обидуваме да го спасиме бракот на наш начин“, рече тогаш Борис.
Освен Нео, ја имаат и тригодишната ќерка Си. За потсетување, парот ја започна врската во 2019-та година, а Борис претходно беше во брак и со Луција Матиќ со која има две деца, со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ и политокологот Инес Катиќ.