Данијела Мартиновиќ за Јосип: Не ги знаеше сите мои песни, па сега се шегуваме со тоа

Љубовната приказна на Данијела Мартиновиќ и инспекторот Јосип Плавиќ стана една од омилените во Хрватска, особено откако пејачката ги откри деталите и ја потврди врската. Интересно е што и двајцата ги поврзува музиката. Данијела изгради голема кариера, а Јосип покрај работата во полиција е член и на бендот „Изван закона“, основан во 1991 година.

Освен што пее и свири на гитара, тој пишува и текстови за песни. Затоа, и нема да биде чудно ако Јосип и Данијела објават заедничка песна пишуваат хрватските медиуми.

„Јосип пишувал песни, но сега нема напишано со години. Музиката е составен дел од неговиот живот, но тој не ги знаеше сите мој песни па сега се се шегуваме со тоа. Ќе бидам среќна ако пак му ја разбудам желбата за создавање музика и ќе бидам среќна ако направиме заедничка песна“, изјавила Данијела Мартиновиќ за Вечерњи лист.

Нивната речиси филмска приказна ги воодушеви фановите на сплитската пејачка. „Првиот состанок се случи пред околу една година, кога мојата адвокатка поднесе пријава за кражба на идентитет на интернет во мое име. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи“, изјави Данијела за Глорија.

Во текот на 2021 година, таа стави крај на 25-годишната врска со колегата Петер Грашо. Секогаш дискретна за приватниот живот, таа не го коментираше раскинувањето ниту пак што се случило потоа. Дури кога најде нова љубов се отвори за јавноста.

Кога првпат се сретнавме и јас и Јосип бевме сами и не баравме нова врска. Кога го имате својот мир, животот природно ви ги мести работите. Тогаш партнерот ви доаѓа како одговор на тој мир. Единствено што треба е да се впуштиш. Не планирав ништо од најубавите работи во животот, сите се случија случајно. Јас и Јосип во врската одиме лесно и природно“, рече Данијела.

 

 

Scroll to Top