(Видео) Кинезите изградија автопат среде река

Кинезите го изградија единствениот автопат во светот кој минува на средина на река. Анализите и пресметките кои ги направиле тим инженери покажале дека изградбата на преку река ќе ги чинело далеку поевтино и побрзо ќе го изграделе окотлку на копно.

Еден од најнеобичните и најимпресивните автопати кои некогаш биле изградени над планинската речна долина се наоѓа во кинеската провинција Хубеи. На средината на реката минува автопатот Ечен.

Овој уникатен автопат е дизајниран да го поврзе градот Гуфузен во округот Синшан со главниот автопат меѓу Шангај и Ченгду во југозападна Кина.

Инженерите одлучиле дека автопатот на сред река не само што е поевтин за изградба, туку и поефикасен. Изградбата на автопат низ сложен планински предел, како што е долината на реката Хубеи, се покажа потешко отколку што звучи.

Ова вклучува ископување километарски тунели низ тврди карпи, преселување на луѓето кои живеат покрај бреговите на реките и влијание врз локалната флора и фауна.

Изградбата на патека од 4,4 километри што ги следи свиоците на реката Ксијанџи не беше баш евтин потфат, но беше очигледно подобар од алтернативата. За овој уникатен речен автопат се потрошени 71 милион долари. Тоа е неколку пати помалку отколку што би чинел копнен автопат во оваа долина.

Исто така, го намалува времето на возење од Гуфузен до главниот автопат од повеќе од еден час на само 20 минути.

Scroll to Top