Поп-пејачката Тамара Тодевска ја промовираше својата најнова песна „Нијагара“, која ја испеа на српски. Но и покрај честитките за новата песна, малкумина знаеле дека поп-пејачката е во болница заради својата ќерка Хана. ‘ Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за Нијагара. На секој еден – премногу се радувам, но со мала задршка, затоа што со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала и рутинска интервенција. Сега е добра, а јас пресреќна за енергијата која ми ја праќате. Таа е пораката и на „Нијагара“. Борбата е различна и секојдневна, но љубовта е една и безусловна“, вели Тамара.
За потсетување, Тамара ја промовира песната „Нијагара“, која ја испеа на српски. Музиката и текстот се на Лазар Цветковски и Тамара, која првпат се јавува како автор. Песната е во модерен ритам, а спотот го режираше Огнен Шапковски.