Маж провалил во домот на Ријана за да ја запроси

Полицијата во Лос Анџелес интервенирала во домот на Ријана, откако непознат маж провалил кај неа, затоа што сакал да ја запроси. Во четвртокот портпаролот на полицијата за „Пејџ сикс“ рече дека околу 12:30 часот го уапсиле на нејзината адреса во „Беверли Хилс“.

Мажот бил од Јужна Каролина и благодарение на алармот и безбедносните камери полицијата за брзи интервенирала и го фатила пренесе „ТМЗ“.  Нејзиниот тим ја повикала полицијата која го привела. Откако го испрашале, брзо потоа го пуштиле. Засега не е познато дали Ријана била дома кога влегол внатре.

Ова не е прват некој да ѝ провали на пејачката по дома. Во 2018 година Едуардо Леон бил уапсен откако се обидел да и влезе во куќата во Холивуд Хилс. Таму ја чекал повеќе од 12 часа. За среќа Ријана во тоа време била надвор од градот, а нејзиниот асистент на крајот го видел Леон скриен во дворот.

 

Scroll to Top