Хрватскиот пејач и кантавтор Џибони беше во Скопје, каде имаше настап на „Златна бубамара“, а пееше и во ноќниот клуб „Мош“. Додека пееше на бината, во еден миг побара од Нора Шаќири, поранешната директорка на театарот „Комедија“ да му помогне, па среде настап таа му ги засука ракавите од кошулата.
„Ме знае дека сум му еден од најголемите фанови. Од првиот концерт, кој го одржа во Скопје, до денес немам пропуштено ниту еден негов настап и секогаш сум во прв ред. Дури и на времето кога бев новинар јас му го направив првото интервју. Тоа беше уште на првиот негов концерт на Саем, ехее, пред 20 години. Ме виде дека сум тука додека пееше и ми рече помогни ми. И јас помогнав со ракавите на кошулата“, открива Нора за Репортер.
И додава: Има предобри песни, но не сите ги пее на настапите . Еднаш во ‘Интремецо’ дојдов да му барам да отпее некој песни, па ми вели: ‘Ама жено ти ми бараш да пејам, песни кој не сум ги пеел со години, а некој никогаш’.
(А. Г)