Иванка и Меланија не сакаат да го бранат Доналд Трамп, а тој веќе смислил план како да се извлече ако го уапсат за аферата со Сторми Даниелс

Бившиот американски претседател Доналд Трамп и неговиот тим се задоволни од медиумското внимание кое го добија заради можното апсење и подигнување обвинение. Според таблоидот „Пejџ сикс“, неговото семејство, пред се неговата сопруга Меланија велат дека не се премногу возбудени околу целата работа.

Меланија сака да се држи подалеку од овој скандал и да го заштити син ѝ Барон, пренесе „Њујорк Пост“.

„Таа се однесува како и претходно сосема нормално, иако не е премногу друштвена“, рече извор близок до неа и додаде дека ќерката на Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, исто така сакаат да се држат настрана од целата оваа работа.

„Тие не сакаат да имаат ништо со ова. Се држат подалеку и не сакаат новинарите да ги следат. Мислам дека нема да ги видите како го бранат Доналд или да даваат какви било коментари. Иванка изгуби голем број пријатели и се намали бројот на пораки на социјалните мрежи, додека беше Трамп претседател“, додаде изворот.

Неговото потенцијално апсење и обвинувања дојдоа од истрагата која е во тек и која ја врши окружниот обвинител на Менхетен Алвин Брег, за наводните тајни пари кои ѝ ги исплатил на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Даниелс тврди дека имала афера со Трамп во 2006 година, нешто што тој го негира. Како што пренесуваат американските медиуми, луѓето околу Трамп дури и планираат да се обидат да го снимање апсењето и да го документираат на своите камери. Сакаат да го снимат во лисици и снимките да ги објават.

„Тие ги сакаат тие работи“, додаде изворот.

Други извори пак тврдат дека Трамп ужива во тоа што повторно го има во вестите и е во центарот на внимание и смета дека овие измислени обвинувања ќе му помогнат во неговата кампања за наредните претседателски избори за кои има во план да се кандидира.

 

Scroll to Top