Мајката на Шакира, Нидиа Рипол е итно хоспитализирана откако во ногата ѝ било откриено крвно згрутчување, пренесоа светските медиуми. Најпрво е соопштено дека доживеала мозочен удар, но извори блиски до пејачката подоцна рекоа дека проблемот бил врзан со венска тромбоза и дека нејзината состојба не влијаела на мозокот. Лекарите велат дека Рипол засега е надвор од животна опасност.
За потсетување и татко ѝ на Шакира е со здравствени проблеми поради кои минатата година беше опериран. Тоа ги одложи нејзините планови да се пресели од Шпанија во Мајами. Засега останува неизвесно дали Шакира ќе се пресели во САД.