Пејачката Селена Гомез застана на страна на Хејли Бибер откако манекенката почнала да добива смртните закани и коментари со говор на омраза од нејзините фанови.
Познато е дека двете некое време не разговараат откако Хејли почнала да ја исмева заради нејзиниот изглед, па поголемиот дел од обожавателите на Селена застанаа на нејзина страна и почнале да ѝ се закануваат на Хејли и да и праќаат коментари со говор на омраза.
Селена на „Инстаграм“ ги замоли да прекинат со лошите коментари.
„Хајли ми се јави и ми даде до знаење дека прима смртни закани и негативни коментари полни со говор на омраза. Тоа не го поддржувам. Никој не треба да дозволи говор на омраза и злоставување. Секогаш сум се залагала за љубезност и сакам сето ова да престане“, рече Селена.
За потсетување, Селена е бившата девојка на пејачот Џастин Бибер кој сега е во брак со Хејли. Во февруари, голем број од фановите видоа како Хејли и Кајли Џенер ја исмеваат Селена за изгледот, па застанаа во одбрана на пејачката и ги поканија и другите да ја следат на социјалните мрежи, а да отследат Кајли и Хејли. Тогаш почнаа дел од нив и со злобните коментари.