Станови изградени на самиот стадион се сон за секој фан на фудбалот, балконите им се наоѓаат меѓу трибините

Бризбејн Роуд е стадион кој се наоѓа во Источен Лондон и дом на Лејтон Ориент од англиската пониска лига. На моменти изгледа како сосема нормален стадион во форма на остров, а неговиот капацитет е 9.271 седишта и е изграден во еден кварт од тој дел на градот.

Сепак, специфично за овој стадион е тоа што зад трибината има згради, а некои од становите всушност гледаат кон самиот терен. Балконите на станарите им доаѓаат како трибина. Излегуват на балкон да испијат кафе или  чај и можат да ги гледаат во исто време натпреварите на Лејтон.

Ова е еден неверојатен и единствен стадион во светот велат фудбалските фанови. Некои велат дека е мало архитектонско чудо. Становите поради својата специфичност достигнуваат огромна вредност на пазарот. Последната цена достигна 350.000 фунти, а станува збор за помалите станови.

Локацијата е идеална за љубителите на фудбалот. Балконот е зад аголното знаме и буквално имате поглед на целиот стадион.

Scroll to Top